Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Реактивиран пожарот во кавадаречко – два „Eр трактори“ го гаснат

/

Македонија

Сподели преку :

Пожарот во кавадречко повторно е реактивиран и проширен на тешко пристапен терен, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој додаде дека два „Ер трактори“ на ДЗС започнале со дејство.

На лице место е и градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, информира Ангелов.

Јанчев, пак, на Фејсбук објави дека поради високите температури и силниот ветер, пожарот во околината на село Раец повторно се разгорел и состојбата останува сериозна.

„Сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Во гаснењето се вклучени пожарникарите, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување со воздушна поддршка со два авиони, припадници на Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција, како и екипи од Шумско стопанство-Кавадарци“, истакна градоначалникот.

Тој додаде дека борбата со огнот продолжува без прекин, а сите служби координирано и пожртвувано работат за да се спречи понатамошното ширење на пожарот.

„Апелираме до граѓаните да не се движат во загрозените подрачја, да ги почитуваат насоките на надлежните служби и веднаш да пријават доколку забележат ново жариште или сомнително однесување“, истакна Јанчев.

Jumbo 2