Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Анализата за безбедноста на водата во Гостивар да се објави јавно, власта и опозицијата со исто барање

/

Македонија

Сподели преку :

Власта и опозицијата конечно се сложија околу една работа во случајот со загадената вода во Гостивар а тоа е документот со анализата на водата која покажува дека е исправна за пиење да се објави и да биде јавно достапен. За се останато партиите продолжија со препукувањата и меѓусебни обвинувања на дневна база.

За премиерот Мицкоски не е спорно што СДСМ бара и тој да биде повикан на распит во рамките на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, но е симптоматично што имало извештаи за други градови освен Гостивар во периодот кога тие ја раководеле државата и не презеле ништо. Стратегија за да профитираат во поглед на гласови.

Јас сум зачуден зошто, да речеме, за прво повиканиот во случајот а тоа е да речеме градоначалникот на Општина Гостивар, никако не може да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Истата ова аполитичка партија нема да го спомене него бидејќи таа го поддржа за време на локалните избори. Мислам дека истрагата може да допринесе да имаме и други (осомничени) кои исто така би биле вплеткани во овој случај, рече премиерот мицкоски.

Опозициската СДСМ, неделава поднесе кривични пријави против министерот за здравство Клековски и уште тројца директори на здравствени установи.

Пред три и пол недели, исто така без да покаже анализа, документ, Мицкоски најави техничка вода за користење и многу брзо вода за пиење. Само неколку дена потоа Ангелов кажа дека во водата има бактерија, а Клековски дека повеќе бактерии и да најави резултати на 20 август. Под притисок на јавноста, одеднаш најавуваат дека водата е безбедна неколку дена порано. И повторно без да покажат официјален документ, анализа, извештај – кој гарантира дека водата во Гостивар е безбедна, праша кети штерјова од сдсм.

Истрагата на Обвинителството во која е вклучена и финансиската полиција трае, се работи во три насоки – финансиските импликации за швајцарскиот кредит, нарачани се вештачњеа кои се изготвуваат во моментов и анализа на сите материјални докази и документација.

Во притвор остануваат тројцата осомничени  директорката Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод Вадедин Даути кои се товарат за тешки дела против животна средина и природата.

Според официјалните информации на здравствените власти, бројот на лица кои се пријавиле во Гостиварската болница со здравствени проблеми и тегоби продолжува да се намалува и е помала споредено со истиот период минатата година.

Од Советот на Општина Гостивар, за „Телма“ информираа дека неделава ќе се одржи седницата на која што треба да се одлучи дали жителите на Гостивар ќе бидат ослободени од плаќање на сметките за вода или пак ќе се бара некаков правен модалитет како ослободување или пребивање.

Сепак последен збор по ова прашање има управниот одбор на јавното комунално претпријатие.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2