Од 18 на 10 отсто се намалува ДДВ то за дизелот. Мерката ќе биде донесена, пред регулаторите утре да направат нова корекција кај горивата. Премиерот Мицкоски очекува овој потег да го поевтини дизелот, чија цена надмина 100 денари за литар. Но, останува да се види каква ќе биде пресметката за бензините, дали и за колку тие ќе поскапат.
Очекуваме наместо да има драматично зголемување да има намалување на дизелот горивото, секако тоа ќе има некакви импликации врз буџетот. Ќе се бориме не е лесно имаме гледате светски предизвици неколку војни во нашето најблиско соседство, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Од опозицијата пак со обвинувања – ДДВ се намалува откако цените веќе го удриле плафонот. Бараат да се спушти на 5 проценти, а акцизата да се укине.
Ги пушти цените да побеснат. Го гледаа народот како полни резервоар на рати и купува половина корпа. Сега, кога штетата е направена, излегуваат со половична мерка и бараат аплауз, пишива во соопштението од СДСМ
Претходно се намали и акцизата за горивата, но неизвесноста за тоа што ќе се случува со тензиите продолжува, а тоа ја отвара дилемата колку домашниот буџет ќе може да издржи и дали и до кога ќе има простор да се делува со мерки.
Во петокот берзите затворија со околу 10 отсто повисока цена на нафтата. Ова е сериозен аларм за ценовен удар на горивата.
Со последната корекција на Регулаторната комисија за енерегтика, цената на бензините се зголеми за 3 денари и во моментов 95 се продава за 97 денари за литар, а 98 цата за 99 денари за литар. Дизелот пак поскапи за 6 денари и литар сега чини 101 денар.
Но, не е само ценат на нафтата, расте и онаа на струјата и на гасот. Но и покрај ваквите случувања, властите уверуваат дека зимава не очекуваат енергетски шокови, а цената на струјата ќе остане стабилна.
Ирена Чачкова












