Aко не стивне воената и политичка криза на Блискиот Исток, домашната економија ќе се судри со сериозни проблеми. Можно е да расте јавниот долг, но и да се буџетскиот дефицит. Иако, министерката за финансии веќе ја отвори вратата за можен нов ребаланс до крајот на годинава или пренамена на средства, економистите алармираат дека маневарскиот простор во буџетот е речиси потрошен.
Во криза е многу тешко да се консолидирате затоа што ќе морате да носите мерки требате да ја одржувате економијата во живот но на среден рок треба да почнеме со системско управување со економијата која нема да креира толкав јавен долг а ќе овозможи капиталните расходи и другите и другите приоритетни приходи да овозможат поголеми приходи, изјави за Телма, Борче Треновски, универзитетски професор
Но, без разлика на сегашните случувања, Треновски смета дека е крајно време да се зголеми ефикасноста и на приходната и на расходната страна на буџетот, односно државата да ги прибере парите кои со години се не се собираат.
Гледате дека со години ДЗР соопштува дека имаме пресметани, а ненаплатени приходи, тие се во огромни износи. Понатаму имаме намалување на неформалната економија која е исклучително значајна за приходната страна кои стојат и остануваат несобрани, додаде Треновски
Според, познавачите многу е тешко да се утврди дали влегуваме во подлабока енергетска криза, затоа што ситуацијата се менува секојдневно.
Пред неколку дена Кочоска соопшти дека се уште се прават анализи за да се види дали ќе има потреба од уште еден ребаланс. Кажа дека генерално приходите се собираат според планот со мали потфрлања има кај акцизата. Но, од извештаите може да се види дека заклучно со јули приходите од акциза се прибираат со подобра динамика од лани, кога немаше мерки.
Последно, цената на нафтата и натаму е над 100 долари за барел, но утре ќе се види со која цена ќе се зтавори неделата. Се забележува и скок на цената на струјата, но рекордни руши и онаа на гасот.
Ирена Чачкова
Б.С.












