Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Паднаа цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу Иран и САД

/

Економија

Сподели преку :

Утрово цената на нафтата се намали за 8% откако САД и Иран ги прекинаа нападите едни против други во текот на викендот, во услови на напори за оживување на дипломатијата, а претседателот на САД,  Доналд Трамп наводно е отворен за обновени мировни преговори.

Цената на Брентот накратко падна на 90 долари за барел, а на американската сурова нафта WTI на 83,6 долари за барел.

Цените на нафтата скокнаа за речиси 40% овој месец, бидејќи прекините во снабдувањето се проширија од Ормускиот Проток до Црвеното Море, сè поважна алтернативна рута за извозот на сурова нафта од Саудиска Арабија, која транспортира милиони барели секој ден.