Околу 1, 3 милијарди евра – толку би можел да се продлабочи дефицитот во пензискиот фонд ако не се спроведат реформи. Ова го покажува анализата кои домашните познавачи ја презентираа денеска. Велат дека дупката во ПИОМ одамна го вклучи алармот и пред јавноста излегоа со конкретен пакет мерки за намалување на минусот во фондот. Меѓу предлозите се зголемување на придонесот за пензиско, решавање на сивата економија, во пресметката за зголемување на пензиите да влегува само инфлацијата и слично. Но, предупредуваат и дека ако сега не се делува со пакетот реформи, за десетина години ќе мора да се преземат поболни мерки.
Оваа реформа на овој пакет мерки е некоја феријална распределба поднослива во моментов да не посегнеме по некој по болни реформи а ако во овој момент ваков тип на споделени реформи не направиме после по 2035 година ние нема да имаме други опции освен тоа, изјави Благица Петрески, од Фајнанс Тинк
Околу зголемување на придонесот за пензиско, домашните експерти предлагаат тоа да се прави постепено, но да се почне навреме.
Сите чинители сите анализи велат дека мора да се оди постепено. Дури може и со 0, 3 или 0, 2 проценти годишно. Подобро тоа да го правиме постепено сега, а мислам дека тоа не е голем проблем и политичка цена, соопшти претседателот на Фискален совет, Абдулменаф Беџети.
И првиот човек на ПИОМ Мемов се согласува дека кај придонесот треба да има нагорна корекција. Неговите анализи покажуваат дека за една година дефицитот во ПИОМ се зголемил за околу 160 милиони евра.
Оваа стапка на придонес треба да расте, но постепено. Дали за два проценти поени дали за три, треба да пресметани, за овие осигуреници кои сме сега вработени да си ја платиме нашата пензија, изјави директорот на ПИОМ, Никола Мемов.
Пресметките во анализата покажуваат дека ако се спроведе пакетот реформи, ќе се заштедат околу 550 милиони евра годишно, односно толку пари нема да има потреба да се префрлаат од буџетот.
Во моментов над 40 отсто од расходите во ПИОМ се покриваат од државната каса. Дупката во ПИОМ е проблем за кој се зборува со години, а Светска банка и ММФ веќе неколку пати препорачаа освен придонесот, да се зголеми и границата за пензионирање.
Ирена Чачкова












