Во пресрет на грејната сезона од „Национални шуми” со апел до граѓаните да не купуваат огревно дрво од сомнителни лица и ако им се нуди по пониски цени.
Оттаму велат, дека со секое вакво купување директно го поддржуваат дрвокрадството.
Досегашната пракса покажува дека позади секоја дива сеча не стојат само поединци, туку организирани мрежи кои профитираат од природното богатство. Но во борбата со дрвокрадците неретко се случува шумочуварите и шумската полиција да се соочуваат со закани и напади.
- Сите оние кои ќе се дрзнат во иднина да кренат рака на овластено службено лице, треба однапред да бидат подготвени дека следи сериозна затворска казна, бидејќи станува збор за напад на службено лице, рече Михаилов.
Михаилов вели дека има и примери кога вработени од ова претпријатие се дел од тие криминални групи.
- Да, се уште наши вработени за кои за жат утврдивме одредени конекции со криминалните структури и онаму каде што тоа ќе го детектираме, нема пардон. Веднаш се отпочнува постапка по однос на она кое што го имаме како докази и имаме суспензии, кривични пријави, изјави заменик директорот на „Национални шуми„ Кире Михаилов.
Македонските шуми освен од дрвокрадците, секоја година страдаат и од пироманите. Штетите се големи и по шумите, но и по здравјето на луѓето.
Викторија Јованова












