Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минималната кошничка се потешка, бизнисот под притисок – секоја компанија сама ќе одлучува колку ќе ги поскапи производите

/

Економија

Сподели преку :

ССМ ја објави новата пресметка на минимална кошничка за октомври а бројките покажуваат дека една минимална плата одвај ги покрива трошоците за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство во месецот.  На едно четиричлено семејство за да преживее сега му се потребни над 70 илјади денари и во однос на септември кошничката е зголемена за над 900 денари а ако се вкалкулираат и трошоците за кирија на едно четиричлено семејство во месецот му се требаат речиси 86 илјади денари.

Владата ја нема објавено септемвриската просечна кошничка а според августовската потребни беа 58 илјади денари во кои не беа вкалкулирани трошоци за кредит или кирија. Сепак за да се покрие и таа просечна кошничка  не се доволни две минимални плати.

Во наредниот период се очекува цените на основните производи да растат поради зголемените цени на енергенсите и суровините. Од Сојузот на стопански комори велат дека врз компаниите има сериозен притисок поради зголемената цена на нафтата и на суровините но секоја компанија ќе одлучува индивидуално дали и колку ќе ги поскапи своите производи.

  • „Има притисок на излезната страна во однос на тоа да има потреба да се покачат одредени цени, не говорам за сите. Меѓутоа, во овој момент, тоа се движи во една рамка каде што се функционира на соодветен начин. Ќе видиме во иднина како индивидуално, секоја од дадените компании, ќе реагира, бидејќи на крајот на денот во пазарна економија секој си ги одредува цените“ – Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на Стопански комори (ССК).

Од министерството за економија велат дека двата воени конфликти прават притисок врз енергенсите и суровите неопходни за производство на храна и дека досегашните мерки дале резултат бидејќи во Македонија има најниски цени.

  • „Фактот дека имаме една од најниските инфлации во Европа и во регионот. Од она што излезе од „Еуростат“ се податоци дека 25 до 30% е поевтина основната храна и прехранбени производи и пијалаци. Во Македонија во однос на европските држави и е пониска во регионот. Со тоа го штитиме индиректно и директно животниот стандард на граѓаните и од друга страна гледаме да нема запирање на економијата и економските процеси“ – Марјан Ристески, заменик министер за економија.

Од Сојузот на стопански комори нагласија дека унгарскиот кредит е добра мерка за развој на економијата и бизнисот но фокусот мора да биде кон малите и средните претпријатија како основ на реалниот сектор а не само за големите компании како што се наметна како практика.

Огнен Чанчаревиќ