Компанијата „Кожувчанка“ соопшти дека во последните пет години вложила повеќе од 90 милиони денари, односно околу 1,5 милиони евра, преку донации и спонзорства наменети за поддршка на различни општествени области во Македонија.

Меѓу корисниците се јавни здравствени установи, училишта, спортски клубови, културни манифестации, здруженија на граѓани, општини и институции.
Од компанијата велат дека општествената одговорност не ја гледаат како законска или деловна обврска, туку таа е дел од вредностите на компанијата.
















