Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истекува мерката намалено ДДВ за дизелот – се чека Регулаторна да ги објави новите цени на горивата

/

Економија

Сподели преку :

Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти истекува денеска.

Намалената стапка се применува од 15 септември, а Владата треба да одлучи дали истата ќе биде продолжена и во следните две недели.

Меѓувреме, Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди максималните цени на горивата за наредните седум дена.

Согласно последната одлука, дизелот се продава по 104,5 денари за литар, Еуросупер БС-95 по 99 денари, а Еуросупер БС-98 по 101 денар.

Министерката за енергетика Сања Божиновска минатата недела изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата и ќе разгледа дополнителни мерки доколку дојде до ескалација на цените.

Според заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, намалувањето на ДДВ за горивата им овозможувало на граѓаните дневна заштеда од околу 350 илјади евра.