За Кичево конкретен датум кога точно би продолжиле со инвестицијата нема, за Штип има ветување дека подготовките ќе ги почнат крајот на оваа почетокот на идната година. Барем ова може да се види од одговорите од ТИРЗ на прашањата на Телма за белгиската компанијата АВЕСТА.
Откако лани биле прекинати градежните работи, се уште е неизвесно кога Авеста ќе продолжи да го гради својот погон во Кичево, со кој пак падна договор за инвестирање уште во 2023.
Камен темелник беше ставен пред скоро две години. И тогаш се зборуваше и за заживување на регионот, нови работни места и извоз од половина милијарда евра. Градежните работи почнаа, но во текот на минатата година беа стопирани поради измени во проектот порадикои мора да се дополни документацијата. Но, кога кичевчани ќе добијат фабрика за батерии во одговорот .
Согласно комуникацијата што ја имаме со претставниците на Авеста во Македонија ни е кажано дека се при крај со изработката на потребната урбанистичка и проектна документација потребна за одобрување на истата се со цел продолжување со градбата односно изградбата на производствениот капацитет и започнување со производство во ТИРЗ Кичево, стои во одговорот на ТИРЗ
Се уште не е потпишан ниту договор за државна помош со оваа компанија, а од одговорот од ТИРЗ може да се види дека речиси две години инвеститорот се обидува да ги обезбеди потребните документи за да продолжи со инвестицијата.
Во меѓувреме АВЕСТА ја откажала својата инвестиција и во Бугарија, но од ТИРЗ за Телма тврдат дека тоа го направиле заради плановите кои ги имаат тука.
Договорот со Авеста беше потпишан во Брисел во време на претходната Влада. Уште тогаш се соопшти дека планот на инвеститорот е да вложи околу 40 милиони евра и да отвори 600 нови работни места. Беше соопштено и дека инвеститор ќе преземе технички кадар од термоцентралата Осломеј во Кичево. Сега останува да се види дали и кога кога Авеста ќе обезбеди се што е потребно за да продолжи со градба.
Во меѓувреме некои од странските компании тука одлучија да заминат. По АПТИВ, таква одлука донесе и германската компанија БМЗ, а клуч на врата стави и американска Дура.
Ирена Чачкова












