Се прават последните анализи дали ќе се оди со ребаланс на буџет или пренамена на средства но во меѓувреме се подготвува и буџетот за идната година.
За Телма, ова го потврди заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски на вториот ден од конференцијата на Македонска берза. Образложи дека се уште се следи прибирањето на приходите во државната каса и дали евентуално би имало потреба да се крати од одредени ставки.
Доколку има потреба од ново прекројување на државната каса, од финансии тоа ќе треба да го соопштат до крајот на месецот кога ќе се знае и дали ќе има зголемување на веќе еднаш проектираниот дефицит. Според последните податоци на три месеци пред крајот на годината целосно е искористен планираниот дефицит за годинава во период на сериозни глобални притисоци врз цените на берзите особено на енергенсите.













