Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДДВ -то на дизелот се намалува од 18% на 10% – Мицкоски очекува пониски цени на горивата

/

Економија

Сподели преку :

Премиерот Мицкоски најави дека Владата ќе донесе мерка за намалување на ДДВ – то на дизелот од 18% на 10%. Оваа мерка ќе биде донесена на денешната владина седница која ќе се одржи онлајн,  откако  во петокот берзата затвори со околу 10 проценти повисока цена на нафтата и можеше да  резултира со значително поскапување на горивата дома.

Со намалувањето на ДДВ-то и намалената акциза која што како мерка е  донесена од претходно се очекува да има ублажување на ценовниот шок.

„Ќе донесеме уште една мерка за намалување на ДДВ – то на дизел горивото од 18 на 10% со што очекуваме наместо да има драматично зголемување да има намалување на цената на дизел горивото. Секако дека тоа ќе има импликации врз буџетот но наш интерес е да го штитиме стандардот на граѓаните “ рече Мицкоски.