Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -2 до 9, а дневната од 20 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец.
Информација од ова утро 3.10.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
-3 Берово, 2 Битола, Маврови Анови, Попова Шапка, 3 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Струмица, 4 Тетово, Демир Капија, 5 Претор, Прилеп, Штип, 6 Куманово, Крушево, Кавадарци, 7 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Охрид, 8 Гевгелија, 12 Виница.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!












