Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 22°C, а максимумот од 31 до 38°C.
Информација од ова утро 28.8.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
27 Дојран, 25 Кавадарци, Гевгелија, 24 Радовиш, Крушево, 23 Скопје, Виница, Штип, Велес, Пожаране, Прилеп, 22 Струмица, Демир Капија, Тетово, Битола, Охрид, Претор, 21 Куманово, 20 Дебар, 19 Крива Паланка, 17 Берово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]












