Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со повремени локални врнежи – Временска прогноза за 26.10.2026

/

Временска прогноза

Сподели преку :

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11°C, а максимумот од 15 до 22°C.

Информација од ова утро 25.10.2026

Утринска температура измерена во 7 часот (во °C)
15 Гевгелија, Демир Капија, 12 Кавадарци, 11 Куманово, Велес, 10 Битола, Охрид, Претор, 9 Скопје, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, 8 Берово, 7 Тетово, 5 Маврово.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

4 Гевгелија, 1 Претор.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!