Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд – Временска прогноза за 13.10.2026

/

Временска прогноза

Сподели преку :

Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Информација од ова утро 12.10.2026

Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)

4 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 8 Крушево, 10 Берово, 11 Крива Паланка, Охрид, Претор, 12 Тетово, Прилеп, Битола, Виница, Куманово, 13 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Демир Капија, 14 Скопје-Петровец, Велес, Струмица, 15 Гевгелија

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

16 Тетово, 13 Крива Паланка, 11 Скопје-Петровец, 9 Скопје-Зајчев Рид, Попова Шапка, 7 Прилеп, Крушево, Кавадарци, Демир Капија, 6 Претор, Струмица, Пожаране, 5 Велес, Виница, Гевгелија, 4 Штип, Куманово, Маврови Анови, 3 Ѓуриште.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!