Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Судење „Пулс“: „Вистината не се реконструира според потребите на одбраната, таа се утврдува со доказите“, велат родителите на загинатите деца

/

Македонија

Сподели преку :

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска продолжува со изведување докази предложени од одбраната.

  • Челични столбови, метални конзоли, за јакнување на меѓукатната  конструкција, промена на фасада, но рекструкција немало, сето тоа билe занаетчиски работи, ова го слушнавме денес од вештото лице на првообвинетиот. Очигледно погрешно сме го разбрале Законот за градење – да градиме без одобрение, а потоа да тврдиме дека само занаетчиски сме работеле. А кога ќе се случи трагедија, тогаш тие што се на обвинителна клупа, велат дека не се одговорни. Дали токму ваквото толкување одбраната сака да го наметни пред судот? Правото на одбрана е неспорно, но градежните интервенции не исчезнуваат со нивно применување, ниту пак одговорноста се избегнува со игра на зборови. Овде не се работи само за градење и конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и 63 мртви деца, коишто никогаш нема да се вратат. Вистината не се реконструира според потребите на одбраната, таа се утврдува со доказите, истакна Александар Наунов, претсвник на родителите чии деца загинаа во пожарот во „Пулс“.

На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.

Обвинителството ја оспори стручноста на вештакот и неговото познавање на Законот за градење, додека одбраната побара прашањата да се фокусираат на неговиот наод.

Одбраната најави и можност за супервештачење доколку се утврдат несовпаѓања меѓу наодите на двете страни.

Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година, за време на настапот на групата ДНК, настрадаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Jumbo 2