Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со овој број на инспектори, ќе требаат 55 години за контрола на сите правни субјекти – Ревизорите утврдија многу „дупки“ во системот за заштита и спасување

/

Македонија

Сподели преку :

Македонија нема систем за заштита и спасување кој ќе функционира како целина и навремено ќе одговори на катастрофи. Ова го утврдил државниот ревизор кој правел ревизија на системот за цивилна заштита. Она што прво паѓа во очи а после катастрофата која се случи во дискотеката Пулс во Кочани е дека се уште инспекцискиот надзор се спроведува со ограничени капацитети. Во текот на годината се реализираат до 1.300 надзори со 14 до 17 инспектори.

„Во февруари 2026 година ДЗС доставила информација до Владата во која е укажано дека со постојниот начин на работа и просечно извршување на околу 1.300 надзори годишно, би биле потребни приближно 55 години за контрола на сите правни субјекти. За редовен и контролен инспекциски надзор еднаш годишно, согласно проценката на ДЗС, потребни би биле 322 инспектори , при 72.181 активни претпријатија“,пишува во Ревизорскиот извештај.

Но ова не е единствениот проблем во цивилната заштита. Пожарите се лоцирани како нешто што се повтрорува секоја година а државата е немоќна да се справи. 2024 година изгореле околу 100 илјади хектари што е рекорд за последните десет години а збирно е колку шест години наназад. Штетата изнесува 83 милиони евра, а вкупната штета била 140 милиони евра од 23 до 25 година. За ер тракторите во истиотпериод ДЗС потрошила 2,5 милиони евра и тоа за сервисирање, набавка на резервни делови и осигурување. Директорот на дирекцијата Стојанче Ангелов за Телма вели дека летово пак ги сервисирале и на време ги ставиле во функција ер тракторите. Бројот на противпожарните возила се зголемил, ист ои доброволните единици а за итни потреби сите сили може да се ангажираат со една одлука на Директорот, вели Анѓелов.

„Ова лето немаше потреба од барање на меѓународна помош. Напротив, за прв пат од постоењето, ДЗС во Европскиот механизам за заштита и спасување декларираше два ер трактора за помош на други земји. Ова лето Македонија најуспешно досега се справи со пожарите на отворен простор“,вели Стојанче Ангелов – директор на ДЗС

Од друга страна пак ревизорите посочуваат дека за да се надминат сите слабости мора да се има Национална стратегија, јасна рамка, стабилно финансирање, зајакнување на капацитетите и воспоставување ефикасен систем за мониторинг и надзор.

Билјана Николовска

Jumbo 2