Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Силно светнал ден“: Мултимедијалниот спектакл за независноста го заокружува патувањето низ државата

/

Македонија

Сподели преку :

Во рамки на одбележувањето на јубилејот „35 години независност на Македонија“, на Плоштад Македонија во Скопје вечерва ќе се одржи мултимедијалниот сценски спектакл „Силно светнал ден“, кој го заокружува своето патување низ државата со настап на повеќе од 120 артисти.

Како што е најавено, настанот ќе почне во 20 часот и преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Караванот „Силно светнал ден“ стартуваше од Охрид на 9 август и досега посети 11 градови низ земјата. Во неговата реализација учествуваат познати македонски музички изведувачи и актери.
Прославата по повод 35-годишнината од независноста ќе кулминира на 8 Септември, Денот на независноста, со концерт на светски познатиот диџеј и продуцент на хаус музика Давид Гета на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје.

Продукцијата Авалон вчера соопшти дека граѓаните кои купиле влезница за овој концерт, задолжително ќе треба да ја заменат влезницата за нараквица.

Замената ќе се врши во Градскиот парк – „Вембли“ во Скопје, во специјално поставени куќарки почнувајќи од денеска до понеделник. При замената, посетителите задолжително треба да ја понесат влезницата, во физичка или електронска форма, како и лична карта или друг документ за идентификација на лицето кое ќе ја носи нараквицата.

Информацијата дека влезниците ќе треба да се заменат со нараквици предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Граѓаните од внатрешноста реагираат дека можности за земање нараквици треба да се создадат и во другите градови, или барем тоа во Скопје да биде овозможено и на денот на самиот концерт. Тие посочуваат на, како што велат, лоша организација и координација особено бидејќи оваа информација доаѓа четири месеци по купувањето на самите билети.

Jumbo 2