Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неоткриена тромбоза, погрешна дијагноза и смртен исход – обвинение против пет лекари интернисти во битолската болница

/

Македонија

Сподели преку :

Пет лекари-интернисти од битолската Клиничка болница се обвинети за несовесно лекување на 40-годишна пациентка, која почина од послидици на тромбоза.  Жената  за првпат се јавила во болница на 28 мај 2024 година  по претходен преглед и упат од матичен лекар, кој изразил сомнеж за воспаление на вените.  Но, според Обвинителството, на првиот преглед без детални анализи и испитувања, наместо тромбоза, на пациентката и бил дијагностициран ревматоиден артритис. По дадената терпија таа  била пуштена на домашно лекување.

„Не била навремено утврдена вистинската здравствена состојба на оштетената, односно не била откриена и дијагностицирана тромбозата, ниту била навремено преземена соодветна терапија и лекување за таквата состојба“, се наведува во соопштението на Основното јавно обвинителство Битола.

Четири дена подоцна, на 1 јуни, пациентката повторно се вратила во болницата. Овојпат со  силни болки во стомакот и влошена општа состојба, била  задржана на болничко лекување. Но,  во следните четири дена, и покрај отстапувањата во лабораториските и биохемиските резултати, ниту еден од дежурните лекари не направил  дополнителни дијагностички испитувања за да се утврдат причините и да се одреди терпаија.  Здравсената состојба и по натаму и се влошувала, поради што н 4 јуни,  пациентката побарала помош во приватна клиника во Скопје. При итниот хируршки зафат лекарите утврдиле тромбови во артериите, кои предизвикале целосна гангрена на тенкото и дебелото црево. Но, веќе немало можност за оперативно лекување. Пациентката починала следниот ден, на 5 јуни 2024 година.

Иако во упатотот,   матичниот лекар   изразил сомнение за воспаление на вените, специјалистите интернисти  дијагностицирале  ревматоиден  артритис. Тие се обвинети дека  несовесно ја лекуваа  40-годишна пациентка, со што, според обвинението ,  предизвикаа  влошување на нејзината здравствена состојба кое резултираше  со смртен исход.

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против петмината лекари за тешки дела против здравјето на луѓето.

Емилија Мисрилиевска

 

Jumbo 2