Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 30.000 домаќинства буквално преживуваат – истражувањето на Филозофскиот факултет покажа дека најмногу на удар се малите општини

/

Економија

Сподели преку :

 Околу 6 проценти од македонското население или нешто над 30 илјади домаќинства, живеат во повеќедимензионална сиромаштија. А таа не е само празен паричник. Таа е кога едно семејство секој месец прави математика  што прво да плати, а што да остави за утре..   Во помалите места, проблемите се трупаат еден врз друг. Струја, греење, храна, лекови. Едно ќе се покрие, друго останува. На крајот, изборот често е суров, лекови или храна, оброк за децата или топол дом. Ова го покажува истражувањето на филозофскиот факултет во Скопје.

„Она што тие можат да си го задоволат се буквалното преживување. Од основните прехранбени производи кога ќе остане и с опозајмици и плаќања ана сметки и тоа малку што го имаат бидејќи голем дел од нив не можат да си дозволат ни загревање и други дополнителни трошоци. Кај семејствата со деца тоа прво во фокусот на потребите на децата дали се тоа здравствени, дли се тоа училишни потреби, многу малку од нив скоро воопшто кажаа дека не можат да си дозволат да одат еднаш годишно на одмор. Голем дел од нив велат веќе храната е проблем“, рече Маја Геровска Митев професор на Филoзофскиот факултет

„Средната класа“ полека станува недостижна, сметаат граѓаните и велат дека денес тешко е да се живее без пари.

„Ако е со една пензија или една минимална плата тешко, може со голема економија. Од сите страни стегај ваму, стегај таму да може да се прехраниш, инаку многу е тешка ситуацијата“, рече еден граѓанин.

„Јас мислам дека не може да се преживее, тоа е јасно. Затоа што се мали примањата и така да тешко“, вели друг граѓанин.

„Тој што има ќе може, а некои има и леб немаат да јадат, за леб немаат а некој си имаат.“, вели граѓанин.

Овој период од годината за многу семејства е тежок, особено кога децата се враќаат на училиште, се подготвуваат зимници, а пред врата е и зимата со прашањето како ќе се плати греењето, велат од Македонската платформа против сиромаштија.

„Очекувањата се големи дека нешто мора да се смени, дека е време, дека во последнава декада сиромаштијата цупка на исто место. Меѓутоа недовербатаи класичната ангажираност да тоа се случи веќе отсуствува и се помалку сведочиме организирани групи на граѓани кои што активно застапуваат намалување на сиромаштија, затоа што се преукупирани со преживување“, рече Билјана Дуковска МППС Македонската платформа против сиромаштија

Но, сиромаштијата не е иста насекаде. Најтешко е во малите и оддалечени општини, каде што недостигаат и работа и основни услуги. Истражувањето на Филозофскиот факултет покажува дека најголема повеќедимензионална сиромаштија има во Југоисточниот регион, а потоа во Вардарскиот и Североисточниот регион. Скопскиот регион има најниска стапка или речиси четири и пол пати помалку од Југоисточниот.

Последните податоци на државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024-тата година стапката на сиромашни лица во државата била речиси 22 проценти.

Симона Петровска

Jumbo 2