Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски: Дијалог со Софија по формирање на новата влада

/

Македонија

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е задоволен што Бугарија добила стабилна влада по вчерашните парламентарни избори. Муцунски најави дека веднаш штом ќе се формира новата влада во Софија, ќе преземат мерки и дејствија за развивање на дијалог.

Тој се надева дека е можно да се најде „соодветно, праведно решение кое ја потврдува нашата желба за напредок кон  евроинтеграцискиот пат но земајќи ја во предвид и самопочитта кон нашиот идентитет, јазик и историја“.

Радев блиску до самостојна Влада

„Паралелното пребројување“ на гласовите покажува убедлива победа на коалицијата „Прогресивна Бугарија“, предводена од Румен Радев, со 45,3 отсто од гласовите. Според податоците, оваа коалиција би можела да освои околу 135 пратеници во 240-члениот парламент, што ѝ отвора можност за самостојно формирање влада. ГЕРБ-СДС се најде на третата позиција по бројот на гласови со 12,1 отсто.… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2