Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе има ли договор за Изборниот законик?

/

Македонија

Сподели преку :

Нова средба во Во Собранието денеска на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги очекува ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија  најдоцна до 30 септември 2028 година. Подготвени се, како што наведуваат оттаму, да прифатат и една изборна единица.

Левица во меѓувреме побарала државното финансирање за изборно рекламирање за партии со пратенички групи да биде 10 отсто и одлучувањето во ДИК да биде консензуално, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо.

Во измените и дополнувањата на Изборниот законик што се во собраниска процедура и за коишто сега се поднесени околу 13.500 амандмани од СДСМ и Левица, најспорен беше предлогот за електронско гласање на дијаспората. СДСМ веднаш го одби овој предлог, а од партијата нагласуваат дека не се против гласањето на дијаспората, додавајќи дека таа и сега има можност да гласа, но дека се против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја.

За Левица предлогот за електронско гласање на дијаспората беше прифатлив за сметка на зголемување на процентот за платено политичко рекламирање за избори.

Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за нашата земја во контекст на реформските процеси.

Илјадници амандмани за блокада на нов Изборен законик

Илјадници амандмани чекаат да бидат архивирани и преведени на албански јазик за да почне работата на Комисијата за политички систем. Координаторите на пратеничките групи во Собранието ниту денеска не постигнаа договор за измените на Изборниот законик. Спорно остана електронското гласање на дијаспората, кое е црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ за договор, но и целосно неприфатливо за… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2