Екс шефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски и бизнисменот Сеад Кочан добиле негативен одговор од македонскиот претседател Стево Пендаровски за нивните барања за помилување, потврдуваат за Телма од Кабинетот на шефот на државата.
Телма дознава дека во контекст на одлуката на Пендаровски било и негативното мислење што го дала Комисијата за помилување, помошно работно тело во рамки на Кабинетот на претседателот.
Јанева доби казна затвор во траење од седум години во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување.
Панчевски, пак, беше осуден на две и пол годишна затворска казна за злоупотреба на службената положба. Обвинението се однесување на злоупотреби при распределба на предмети преку АКМИС системот.
Сеад Кочан, пак, првично беше осуден на шестгодишна затворска казна во случајот „Труст“ под обвинение за злоупотреба при постапка за јавни набавки. Одлуката ја обжали во Апелацискиот суд кој му ја намали казната на четири години и осум месеци.

Иако имало пријава за корупција при избори на судии против член на судскиот совет, Судскиот совет претставката не ја проверувал туку проценил дека како анонимна претставка не е од јавен интерес и ја архивирал. КОД во вечерашното издание за пазарењата во судскиот совет, но и за вакви сомнителни непостапувања. Во претставката стои дека членот на… Продолжи со читање













