Екс вицепремиерот Артан Груби кусо одговори „Не„ на прашањето на судијката дали со чувствува виновен. Неговите адвокати најавија многу докази и сведоци контра обвиенението со кое тој се товари за злоупотреба на службената положба . Но не потврдија дали на листата на сведоци ги предложиле и другите министрите кои на владината седница гласале за точката поврзана со Државната Лотарија
Цврсто сме убедени дека нашиот клиент е невин и дека не презел никакви противправни дејствија што би претставувале кривично дело…Во судницата ќе се вкрстат копјата аргументите на Обвинителството и на одбраната, и ќе можете да видите што е вистина, а што не, како и кои се тезите на одбраната и на Јавното обвинителство“, рече Гоце Ристевкси, адвокат на Груби.
Обвинителите го прочитаа обвинението во судница и ја коригираа сумата за штета од 8, 2 на 9,7 милиони евра врз основа на вештачењето . Однапред не ја откриваат стратегијата како ќе ја докажуваат одговорноста на Груби при колективната одллука за преземање активности за самостојно приредување на електронските игри на среќа и јавна набавка на видеолотариски терминали.
За промената на делото од построго проневера под кое се водеше истрагата во со поблаго злоупотреба – обвинителите велат дека обвинението го поднеле врз основа на доказите што ги собрале во истагата а не се воделе според висината на казната .
За критиките затоа што Груби од бегство доби промена на мерката од притвор во куќен притвор обивнителите се повикуваат на комплексна информација која ја добиле од МВР во која имало и класифицирани информации од АНБ
„Знаеме дека тоа во јавноста предизивка бранувања но ние сме должни да постапа=уваме по информациите што ги добиваме од институциите. Замислете да влезеше во притвор и да му се случеше нешто, а ние сме имале информација дека му е загрозен животот.
Тоа не е како што беше пренесувана во јавноста дека не било безбедно во Шутка за Артан Груби, туку тоа е многу комплексна информација која содржи информации за две години наназад“ рече Даниел Коцев , обвинител ОЈО Скопје.
Покрај Груби вина негираше и екс генералниот секретар на владата Методија Димовски и уште 4 ца обвинети од надзорниот одбор на Лотарија. Обвинетиот Башким Авдии кој го следи судењето со судски преведувач, рече дека ке се прозинесе откако ке го добие обивнението преведено на албански јазик како и дел од суштествените докази соглансо законите. Судијката го проашуваше зошто тоа не го побарале уште на првото рочиште туку сега а тој одговори дека очекувал дам у пристигне и на мајчин јазик и не го прифати нејзиниот предлог да се произнесе денеска откако судскиот преведувач ке му го прочита на албански јазик. Одбраната вели тоа е основно законско право
„Не сакам да се створи погрешна теза во јавноста. Апсолутно немаме намера да одлоговлекуваме на тој начин. Следното рочиште е закажано два дена по празникот и се надевам ако стасаат сите преводи ке продолжиме со динамиката на закажани главни расправи“, рече адвокатот Асмир Алиспахиќ.
„Реагирав, односно реагираше Обвинителството, во контекст на моментот кога беше истакнато тоа право. Имено, тоа право му беше прочитано и укажано на обвинетиот уште на претходното рочиште, па можеше да се избегне ова одлагање“ рече Александар Давчевски , обвинител ОЈО Скопје.
Судењето се одложи за в петок. Во отсуство му се суди и на екс генерланиот директор на Државната лотарија Перпарим Бајрами, кој е недостапен
Елена Ивановска













