Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентскиот дом „Пелагонија“ набавувал банички по цена од цела пита бурек со месо, вода двојно поскапа од онаа во маркетите

/

Македонија

Сподели преку :

Студентите сместени во Пелагонија освен најскап леб, јаделе и најскап ѓеврек, пирошка, банички со месо и сирење,. Ова го покажува тендерот склучен со фирмата КОНЦЕПТЕД АН на 16 декември, минатата година во вредност од речиси 77 илјади евра. Освен лебот од 126 денари, кој бил со повисока цена од пазарната, по 147 денари чинела набавката и на еден варен ѓеврек или пирошка лисната со сирење или крофна.

Една баничка со сирење чинела 336 денари, а иста цена на пример била цела пита бурек со сирење. Иако баничката е од 240–270 грама, за разлика од питата бурек која е 900 грама до килограм. Ист е случајот и со баничката со месо која изнесува 378 денари, исто колку цела пита бурек со месо.

Студентите пиеле и најскапа вода. Добитник на тендерот за набавка на безалкохолни пијалоци повторно е фирмата КОНЦЕПТЕД АН. Според договорот, склучен во октомври минатата година шише вода од половина литар било набавено по цена од 59 денари. Повеќе од двојно во однос на маркетите низ земјава. Овошен сок со вкус на јаболко во пакување од 200 до 250 милилитри пак чини речиси 77 денари.

Истиот тендер го добиле  претходно во декември 2024, но тогаш цените биле прилично пониски. Тогаш шише вода од половина литар било 38 денари, а овошен сок  41 денар. Сепак повторно цените се повисоки од маркетите низ земјава.

Која е КОНЦЕПТЕД АН? Формирана е во јуни 2022 година. Дејноста и е потполна различна од намената на тендерите кои ги добива. На хартија се бави со советување во врска co работењето и останато управување. Седиштето и е во Чаир, а минатата година ја завршила во минус.

Вкупно досега има склучено 24 договори. Најголем дел од нив 10 се токму со студентскиот дом Пелагонија.  Но, не набавувале само леб и пецива, туку и ситен инвентар во кујна, канцелариски и печатни материјали, а во одреден период вршеле и молерисување и санација на студентски соби.

Инаку извештајот на Државниот завод за ревизија кој беше објавен вчера нотираше дека набавката на лебот укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки. Во него беше наведено и дека се купени 250 душеци кои не се ставени во употреба, а претходно набавени 450 душеци кои се поголеми од креветите..

Марија Митевска

Б.С.

Jumbo 2