Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

70 тони храна се уништени, 122 тони се вратени назад – од Агенцијата за храна уверуваат дека граѓаните јадат безбедна храна

/

Македонија

Сподели преку :

Тони небезбедна храна се уништени само од почетокот на годинава, а надлежните најавуваат уште поригорозни контроли и повисоки казни за прекршителите. За осум месеци се уништени повеќе од 70 тони небезбедна храна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство најавуваат засилени контроли и во увозот и во извозот.

„Секоја држава си го брани својот квалитет и својот производ. Но одржавме состанок и со Министерството за земјоделство и со Министерството за здравство за одредени надлежности кои што ги имаат така што договоривме да бидеме поригорозни во делот на увоз и во делот на извоз. Во наредните два дена ќе има резултати од АХВ за се што е запленето“, кажа Оливер Миланов директор на АХВ.

Казните за операторите што не ги почитуваат правилата за безбедност на храната се различни. За помал оператор, глобата може да изнесува 1.000 евра, а доколку при повторна контрола се утврдат истите неправилности, може да следува и затворање на објектот. Надлежните најавуваат дека со новиот закон казните би можеле да бидат двојно повисоки.

„Во еден дел да можеби казните се мали, меѓутоа во еден дел казните се соодветни затоа што се казнува и одговорното во правното лице, се казнува и правното лице, се казнува и она лице кое што е вработено и всушност е можеби причина за да на крајот имаме небезбеден производ. Се на се кога ќе се соберат казните не се толку мали како што изгледа во јавноста. Секако дека казната се намалува на 50% доколку се плати во рок од седум дена“, рече Светлана Колариќ државен советник за храна.

Изминаиот период, македонски пратки со овошје и зеленчук беа вратени од земјите во регионот поради сомневања за зголемено присуство на пестициди. Хрватска реагираше и преку европскиот систем за брзо предупредување за 50 тони овошје и зеленчук од Македонија. Телма претходно објави и дека пратки со пиперки и трпезно грозје, беа вратени од Бугарија и Црна Гора поради утврдени пестициди над дозволеното. Но, резултатите од анализите направени во Макеодонија биле негативни, по што било производите беа пуштени во промет во земјава или беа дадени на преработка.Покрај овошјето и зеленчукот, во изминатиот период беа уништени и десетици тони небезбедно месо. Пред два дена, АХВ заплени два тона храна на зелениот пазар во Ченто. А денеска, инспекторите заплениле уште шест тони храна од пазарите. Од АХВ велат дека контролите ќе продолжат, а на граѓаните им препорачуваат да ги проверуваат рокот на употреба и условите во кои се чуваат и продаваат производите.

Симона Петровска

Jumbo 2