Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

19-годишник зад решетки, а брат му предаден на социјалните служби – прободеното момче во критична состојба на клиника

/

Македонија

Сподели преку :

Триесетдневен притвор доби 19-годишник од Скопје, еден од осомничените за нападот на момчето во Чаир, кое со нож беше прободено во срцето. Во нападот учествувал и неговиот 13 годишен  брат, но тој  не може кривично да одговара. Деца под 14 години не можат да завршат ниту во поправен дом, затоа со него ќе работат социјалните служби, велат од Обвинителството.

„Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност“, соопштија од ОЈО Скопје.

Од Клиничкиот центар каде е хоспитализирано тешко повреденото момче велат дека неговата состојба сега е стабилна.

19 годишникот одговара за кривично дело насилство од ставот 6, според кој ако насилството е направено во група  сторителот ќе се казни со затвор од три до десет години.

Од Кривичниот суд информираа дека притворот на осомничениот му го определеле по предлог на Обвинителство.

„Мерката притвор е определена поради постоење на околности предвидени во член 165 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за кривичната постапка, односно опасност од бегство, можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци и околности кои укажуваат на опасност од повторување на кривичното дело“, велат од Основен кривичен суд Скопје

Ова не е прв ваков случај на насилство. Пред два месеци во Ченто малолетник беше претепан од тројца и шест пати прободен со нож. Од обвинителството велат, дека истрагата за нападот е во тек.

Тамара Марковска

Jumbo 2