Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полициска акција кај Гостивар: Приведени 15 странски државјанки и пронајдена е дрога, лишени од слобода се и двајца гостиварци

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата приведе 15 странски државјанки во угостителски објекти во гостиварско, пронајде дрога и лиши од слобода уште две други лица – ова е билансот од денешната акциска контрола на полицијата на подрачјето на ОВР Гостивар.

При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, гостиварско. Министерството за внатрешни работи информира дека тој, откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по брза реакција на полициските службеници на задниот излез било спречено бегство на повеќе женски лица – странски државјанки.

Додека, пак, во угостителски објект на подрачјето на Полициското одделение Галате, полициските службеници го лишија од слобода  А.А.(53) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана.

При контролите во двата објекта, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, приведени се вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија, од кои 11 во угостителскиот објект во с.Чегране и четири во угостителскиот објект во подрачје на Полициското одделение Галате.

Сите се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

 

 

 

 

Jumbo 2