Бездомништвото во Македонија е проблем што со години чека системско решение. Во Велес, семејство со деца живее во импровизиран дом без основни услови за живот, додека во Скопје десетици луѓе засолниште бараат во руинирани и напуштени објекти.
Институциите најавуваат мерки, но прашањето останува, кога ветувањата ќе се претворат во конкретна помош и достоинствен дом за оние на кои им е најпотребен?











