Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма сторија: Сведочење на жената која на правдина беше уапсена како убиец на докторот Ацо Трповски

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата филмски уапси брачен пар од Скопје за убиството на докторот Ацо Трповски една недела откако тој беше пронајден мртов во неговиот автомобил во март 2024 година. Ги пушти со образложение дека нема докази. Но, после две и пол години и по смртта на нејзиниот сопруг, Гордана Дренкоска за Телма јавно проговори како е да се живее со товарот дека по грешка си бил осомничен за сериски убиец, а тоа траело повеќе од две години. Обвинителството се правда дека немало законска обврска да ги извести.

Во еден од документите со кои располага Дренкоски, обвинителот Анел Фидоски носи наредба за чување на одземените предмети и возилото „Фиат Панда“, сопственост на Дренкоски во Агенцијата за управување со одземен имот се до завршување на кривичната постапка. Издадена е во февруари 25-тата година, односно скоро една година од убиството.

Но, не една, поминале и две години, а одговори Дренкски сè уште немале. Адвокатката Теа Дамева залудно испраќала барања за увид во предметот. Испратила и ургенции до обвинителот Ненад Савески, како и до в.д. вишата обвинителка Наташа Крстевска Цалева, но одговор не добила.

Во меѓувреме бил променет и обвинителот, бидејќи стана шеф на скопското обвинителство, па обвинителката Елена Жакула ја преземала истрагата. Во овој период, сопругот на Гордана се разболел од рак и починал.

„Почина и мојот сопруг од стрес, срам не можеше да се помири. Kога почина на моите раце, последните зборови му беа правда, правда, правда“, вели Гордана Дренкоска.

Пресврт случајот доби летово. На 15 јули обвинителството излезе со изјава дека пронајдени се други осомничени, друг брачен пар за кој обвинителството бара и притвор. Осомничени се за смртта на матичниот лекар Трповски.

Истиот ден Дренкоска била во грч кога ја дознала информацијата од медиумите.

На сторијата работеше: Билјана Николовска Тодорова

 

Jumbo 2