Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЛОЛ со Макпетрол- „Кога ќе пораснам…“

/

ЛОЛ со Макпетрол

Сподели преку :

Здраво дечки, здраво мали и големи! Добредојдовте во новата сезона на ЛОЛ со Макпетрол!
Се враќаме со нови деца, нови муабети и нормално, уште повеќе одговори што никој не може да ги предвиди.
Стартуваме со едно големо прашање, баш како за инспирација на почетокот на новата учебна година: што сакате да бидете кога ќе пораснете?
И ако вие сè уште не сте одлучиле, без грижа. Нашите гости денес веќе имаат сериозни планови! Некој ќе биде астронаут, некој доктор, некој пејач, некој веќе има сервис со вработени… а некој си испланирал и свадба!
Изгледа дека за ништо не им е рано. И за учење се спремни, и за работа, а богами и за цел возрасен живот. Јас уште не знам што ќе правам утре, а тие веќе ја имаат средено целата иднина!
Затоа, сместете се удобно и подгответе се за нова сезона, нови детски бисери и големи планови од нашите најмали експерти!