Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Видео | Парите од Планот за раст ќе зависат од реформите, порача Марта Кос

Принципот на индивидуални заслуги ќе има сè позначајна улога во распределбата на европските средства,изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама во Тирана. Напредокот на реформите во земјите од Западен Балкан ќе биде клучен и за парите што државите ќе ги добијат како дел од ...

Македонија

Видео | Филипче и Мицкоски си разменија ‘комплименти’: лажго, лицемер, кодош, предавник…

Остри зборови и навреди повторно се разменија меѓу претседателот на најголемата опозициска партија и премиерот, на седницата за пратенички прашања. Филипче го обвини Мицкоски дека е лицемер и лажго, кој едно зборува надвор од државата, а друго дома. Премиерот му врати дека, за разлика од него, не прави дилови и ...

Македонија

Видео | Известители од Венецијанската комисија доаѓаат на средби за правосудниот испит

Известители од Венецијанската комисија во наредните два дена ќе престојуваат во државата и ќе имаат средби со сите учесници во процесот за полагање на правосудниот испит: со министерот за правда, со комисијата за правосуден испит, со деканите на петте правни факултети, со студентските асоцијации, со парламентарните партии, како и со ...

Македонија

Видео | Претседателката бара ЕУ да биде како објективен брокер

Доследна примена на европските правила, принципи и вредности, еднаквост, правна сигурност и пристапување засновано врз заслуги, бара Македонија на патот кон ЕУ, а не привилегии, посебен третман и пониски стандарди, рече претседателката на државата во обраќањето во Собранието, каде се дебатираше за извештајот на ЕК за Македонија. Смета дека сега ...

Македонија

Видео | Филипче бара одговорност од Мицкоски за „Алта банка“, премиерот е убеден дека ќе се спаси од стечај

Премиерот и претседателот на најголемата опозициска партија повторно се судрија околу случувањата со Алта банка. Мицкоски е убеден дека банката ќе се спаси од стечај откако една домашна банка покажа интерес за преземање на акциите, додека Филипче повторно го впери прстот во Мицкоски и побара одговорност. -На 30 е закажана ...

Македонија

Видео | Копман:Топката за проширување е кај Скопје

„Топката е кај Скопје“, порачува директорот за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман, кој ја напушта Европската комисија на 1 јануари. Во едно од своите последни интервјуа на оваа функција, за „Балканс дебриф„ вели дека Комисијата продолжува да разговара со сите засегнати страни, но дека конечната политичка одлука е ...

Македонија

Видео | Стабилизирана финансиска состојба, деблокирани проекти – отчет на скопскиот градоначалник

Намалени долгови на јавните претпријатија, деблокирање на клучните проекти, стабилизирана финансиска состојба на градската администрација, привршување на почнатите булевари, мостови и на клучката кај Момин поток, се дел од проектите кои скопскиот градоначалник ги наброја во својот отчет по една година на чело на Скопје. Посочи дека при преземањето на ...

Вести

Мицкоски му одговори на Радев: Држава што одбегнува спроведување на пресуди нема кредибилитет да зборува за човекови права

Провокација во континуитет што е се`, само не добрососедски однос, за премиерот е најавата на неговиот бугарски колега, Румен Радев, дека пред генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, повторно ќе го покрене прашањето за положбата на бугарската заедница во Македонија. Смета дека, нашите соседи немаат кредибилитет да зборуваат ...

Македонија

Видео | Правосудниот испит нема да се полага целосно на албански јазик

Правосудниот испит нема да може целосно да се полага на албански јазик. По заканите на коалиционите партнери од власта, Движење ЗНАМ, дека ќе ја напуштат владата доколку им се излезе во пресрет на барањето на студентите Албанци, премиерот појасни дека нема да дојде до оваа ситуација, затоа што решението што ...

Македонија

Видео | За евроамбасадорот Рокас, Македонија е сигурен партнер на ЕУ

Усогласеноста со надворешната и безбедносна политика, како и со законодавството на ЕУ, за евроамбасадорот, Михалис Рокас, покажува дека Македонија е сигурен партнер на Европската Унија, кој ги споделува нејзините стратешки приоритети. Откако лично му го предаде извештајот на Европската комисија (ЕК) на премиерот, евроамбасадорот изјави дека државата останува меѓу кандидатките ...

Македонија

Видео | Строго чуваните досиеја за посвојувањата, наскоро делумно ќе може да се отворат

Строго чуваните досиеја за посвојувањата наскоро делумно ќе може да се отворат. Полнолетните посвоени лица ќе добијат право на ограничен увид во своето потекло, доколку имаат медицинска потреба за тоа, а за секое барање индивидуално ќе одлучува стручна комисија, доколку се усвои предлог-законот на пратеничката група на ЗНАМ, кој помина ...

Македонија

Видео | Се укинува телото за координација на разузнавачките служби – обвинетиот Артан Груби, наскоро ќе изгуби уште една функција

Обвинетиот за Лотарија, Артан Груби, наскоро ќе изгуби уште една функција. Почна постапката за укинување на телото кое треба да ги координира разузнавачките агенции, но во последните две години не одржало седница иако по закон мора да држи минимум една на три месеци. Од причина што не се состанале, не ...

Македонија

„Нема ни „к“ од криминалот за кој ме обвинувате“ – одговори Мицкоски на обвинувањата од Филипче дека ја промашил професијата

Обвинувања за пропагандни кампањи, криминал, сомнителни финансиски трансфери, како и за лаги и ширење на политичка хистерија си разменија претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и премиерот на седницата за пратенички прашања. Филипче го обвини Мицкоски за криминални врски со Орбан и Вучиќ, како и за можни трансфери на пари од ...

Македонија
Далиборка Демјанска Цветановска

Автор: Далиборка Демјанска Цветановска