Вести Економија Македонија

ЕБРД прогнозира помал економски раст за Македонија отколку што предвиде во мај

Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за економски раст за Македонија за 0,3 проценти. Во последниот извештај за регионалните економски состојби, ЕБРД за Македонија ја намали прогнозата од 3 % на 2,7 % економски раст.

Прогнозата за економскиот раст на Македонија е помала од просекот за балканскиот регион која останува на 3,2 % раст. Македонија така според ЕБРД ќе има најмал економски раст од сите држави кои произлегоа од поранешна Југославија.

Според банката, намалувањето се должи пред се на последиците на војната во Украина поради која се намали увозот на гас, но се зголеми увозот на скапа електрична енергија. Растот според ЕБРД го движат бруто инвестициите и потрошувачката која е зголемена за 4 % по зголемувањето на минималната плата во април.

-Инфлацијата достигна 16,8 проценти во август годинава, најмногу придвижена од поскапувањето на храната и на енергијата, констатира ЕБРД во извештајот.

Извозот е зголемен за 20 % во првите седум месеци годинава, но увозот пораснал за 27 отсто особено поради зголемениот увоз на електрична енергија.

Според банката, анти-ковид политиката на Кина го намалува извозот на ЕУ и може да предизвика ефекти и врз македонската автомобилска индустрија, сместена во слободните економски зони пред се во Скопје, Штип и Битола.

ЕБРД направи корекција и за наредната година, па за 2023-тата се прогнозира економски раст од само 2,3% за Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два лица загинаа во Скопје, со мотор удриле во бетонски столб

Дејан Дејан

Укинат притворот на Шабан Салиу

Дејан Дејан

Калас најави можност за надминување на блокадата од Бугарија, Мицкоски побара фер третман

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе