Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Амбулантите во Тетово полни со пациенти со симптоми на Ковид-19, но не се тестираат сите

Иако официјалните бројки на заразени со ковид 19 во Тетово бележат благо покачување, сепак амбулантите имаат наплив на пациенти.

Најголем дел од лицата кои се обраќаат кај матичните лекари имаат симптоми на ковид.

Доктор Светлана Трифуновска, вели дека варијантата на ковид 19 која сега е присутна за среќа дава полесна клиничка слика, но е многу заразна, а овој период во градот има голема раздвиженост, поради доаѓањето на печалбарите и организирањето семејни свечености.

Според Доктор Трифуновска загрижува фактот што голем дел од пациентите не се тестираат или прават брзи тестови, но на тој начин не се евидентирани во системот.

На Инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово има 1 хоспитализирано лице со ковид 19, но бројот на амбулантските прегледи се зголемува.

Во изминатите 24 часа биле прегледани 60-тина лица, од кои најголем дел имале симптоми на ковид или веќе потврдени случаи.

Докторите повторно ја истакнуваат важноста на имунизацијата.

Иако вакцината не штити од високото ниво на контагиозност, таа штити од тешка клиничка слика и постковид компликации.

Препораките се ризичните групи да примат бустер доза.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе