Вести Ковид19 Македонија Најважни

Недостиг на ПЦР тестови или недостиг на кадар?

Скопје  влегува во „црвена фаза“ на пандемијата со варијантата на Омикрон Ба 5 , матичните лекари со апел до надлежните дека нема ниту тестови, ниту термини за тестирање.

За првиот човек на Комисијата за заразни болести професорот Петличковски во моментов е потребно системско решение, бидејќи не станува збор за недостиг на тестови, туку за недостиг на кадар поради летните одмори.

Се надева дека по утрешниот состанок ќе најдат соодветно решение.

„Ние се обидуваме да го зголемиме бројот и на пунктови и на термини по пунктови во рамките на капацитетите кои ги имаме, имајќи предвид дека колку места за тестирање има и колку кадар за тестирање има. Еден од проблемите зошто има релативно малку термини е што нема доволно кадар  кој ќе може да ги зема брисевите и да ги процесира во Институт за јавно здравје, во Центар за јавно здравје, во Институт за микробиологија. Потребен е капацитет за зголемување и тоа ќе го направиме од следната недела“ – вели проф. др. Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести

Според Петличковски формирањето на петте ковид амбуланти во Скопје на предлог на Комисијата за заразни болести  каде тестовите ќе бидат достапни веднаш, не со закажување, се решение за овој проблем.

А зошто не се реализираше тоа досега ?

„Во моментов преговорите се меѓу Министерството за здравство од една страна на предлог на Комисијата за заразни биолести и Асоцијацијата на матични лекари од друга страна, значи сакаме да најдеме еден заеднички јазик за организирање на амбулантите договорно, не по ултиматум, не по директива, туку да најдеме како технички би било најизводливо. Матичните да го понесат тој дел од одговорноста, една смена во месец и половина во Ковид амбуланта и така да го олесниме процесот на тестирање и да го скратиме времето за потребната нега на минимум“ – тврди Петличковски.

Соодветно се реагира со отворање нови термини, доколку се утврди потреба и активно се  следи состојбата преку системот Мој термин, велат од  Министерството за здравство.

„Во комуникација со здравствените установи, термини се отвораат неколку дена однапред, така на пример во конкретниот случај, Центарот за јавно здравје  Скопје, каде се утврди потреба за зголемување на бројот на термини, веднаш се реагираше и од понеделник до петок отвори 100 термини дневно. Исто така, Здравствен дом Скопје отвора нови термини на дневна основа со цел проширување на капацитетите за ПЦР и брзи тестови за Ковид-19 и во поликлиниките: Бит пазар, Ѓорче Петров и Чаир“ – тврдат од здравство.

Додека надлежните институции си ја префрлаат топката ревизорскиот извештај на Фондот за здравство покажа дека над 18,6 милиони евра се офајдиле приватните лаборатории за време на ковид-пандемијата.

Фактот дека недостигаа доволно термини во јавното здратво ги наполни сметките на приватното,

Граѓаните од свој џеб приватно плаќаа за ПЦР тестирање, бидејќи стана задолжително, со што за две години, во приватните лаборатории завршиле милиони суми евра.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе