Секојдневно се зголемува бројот на ковид позитивни случаи поради тоа Комисјата за заразни болести денес повторно ќе одржи состанок на кој ќе се збоорува за моменталната состојба и новите препораки.Состанокот ќе биде денес во 12 часот.
На последната седница Комисијата за заразни болести не донесе никакви дополнителни мерки.Останаа да важат претходните мерки за задолжително носење на заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.
– При престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. Просториите во кои се престојува подолго (канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат. Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра, соопшти Министерството.
Веќе неколку дена по ред, бројот на новозаразени е над 700, а само вчера од 1.774 тестови се регистрирани 792 нови случаи на Ковид-19. Речиси половина од новозаразените во Скопје. Бројот на активни случаи во моментов е 3.595. Во синоќешниот ковид билтен не беа регистрирани починати лица, но претходниот ден од Ковид-19 починаа две лица, од кои едното на 23-годишна возраст од Свети Николе.