Македонското МНР попладнево му врачило устен демарш на рускиот амбасадор во земјава, информираат од МНР за Телма. Вербалната протестна нота на амбасадорот му е врачена поради објавеното предупредување на руската амбасадата во текот на викендот на твитер, дека внимателно се следат и регистрираат сите активности во земјава кои, според руската амбасадата, се “русофобични” и во чија позадина е руската инвазија на Украина која тие во твитот ја нарекуваат “специјална воена операција”.
МНР предупредувањето на руската амбасада го оценија како непримерно, заканувачко и надвор од нормалната дипломатска комуникација.
