Ракомет Спорт

Лазаров го објави поширокиот список за дуелот со Романија

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кире Лазаров го соопшти поширокиот список на играчи кои ќе бидат во конкуренција за бараж дуелот за пласман во квалификациите за Светското првенство против Романија.

Капитенот и предводникот на националниот тим на поширокиот список има 35 ракометари. Лазаров кој поради повреда го пропушти настапот на Европскиот шампионат овој пат е во конкуренција за дуелите со Романците, а повикан е и Филип Миркуловски, кој по континенталното првенство најави дека мечевите од мундијалските баражи за него ќе бидат последни во дресот на репрезентацијата.

Покрај двајцата најискусни Лазаров повика пет голмани, а нови имиња се Мартин Поповски кој се враќа во составот и Тоше Ончев кој оваа сезона игра одлично во дресот на словенечкиот Тримо.

Собирот е закажан за почетокот на следната недела, а првиот натпревар со Романците го играме на 17 овој месец во Скопје.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе