Вести Економија Свет Топ вести

Војната во Украина ги турна берзите во пад

Најголемите европски и светски берзи денеска повторно се во пад по ескалацијата на судирите во Украина но и поради нападот кој го извршија руските сили врз „Запорожје“ најголемата нукеалрна централа во Европа. По повеќечасовни престрелки со украинскиот ганизон тие ја превзедоа контролата врз овој стратешки објект а акциите на светските берзи почнаа да паѓаат.

Од два до три и пол индексни поени бележат пад берзите во Лондон, Токио, Хонг Конг и Германија а се чека на отварање и на американската Волстрит каде што вчера имаше пад и тоа влијаеше и на Стандард и Пурс, Доу Џонс и Насдак. Најголем пад денеска бележи берзата во Лондон.

Падот на берзите, според експертите се должи на фактот што поради воените дејства  инвеститорите се многу несигурни и ги повлекуваат своите акции и капитал од ричини инвестиции и се одлучуваат на безбедни помалку порфитни зделки.

Денеска пад бележи и еврото кое се менува за 1.09 американски долари што е најнизок однос во последните дванаесет месеци.

А цените на енергенсите продолжуваат да растат. За разлика цената на нафтата која што бележи дневен раст од два до четири отсто, цените на струјата и гасот веќе никој не се обидува да ги предвиди.

Нафтата денеска се тргуваше по цена од 110 до 114 долари во зависност од часот што е рекордна цена во изминатите три години. Цената пак на илјада нормални метри кубни гас опасно се доближи до бариерата од две илјади долари и денеска се продаваше за 1.973 американски долари.

Цената на струјата на европскиот слободен пазар  денеска го достигна апсолутниот максимум и се продаваше по цена од 379 до 394 евра за мегават во зависност од часот од денот.

Македонија, која зависи од увоз на струја, според официјалните податоци достапни на страната на МЕПСО завчера на слободниот пазар купила 6.271 мегават час струја по цена од  290 евра за кои се потрошени 1,8 милиони евра само тој ден. За вчерашниот и денешниот ден оваа сума е далеку повисока со оглед на фактот дека денеска еден мегават час чини 100 евра поскапо.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе