Си-Ен-Ен објави снимка од голем пожар во близина на центарот на Киев, а „Киев пост“ објави дека гори магацинот за нафта Василков, на околу 20 километри јужно од Киев.
,,Се запали магацинот за нафта во Василков, 40 километри јужно од Киев. ,,Според градоначалничката на Василков, Наталија Баласинович, градот и аеродромoт претрпеле силно гранатирање од балистички ракети. соопшти Киев Индипенденд
Поранешниот преведувач на украинскиот претседател Јушченко, Александар Билкин во разговор за Си Ен Ен соопшти дека ракети паднале на детска болница во Киев. Соопшти дека болницата е недалеку од зградата во којашто живее и рече дека наводно едно дете го изгубило животот Претходно украински ТСН објави дека Русите погодиле детска онколошка болница во Киев и дека наводно загинало едно дете, а повредени се две деца и двајца возрасни. Информацијата ја пренесе и новинар на Би Би Си на својот Твитер профил. Се чека официјална потврда.Очевидци известија дека градот е под оган од ракетни системи со повеќекратно лансирање.
Четиринаесет припадници на војската и територијалната одбрана и шест цивили, меѓу кои и едно дете, се убиени откако руските сили го започнаа нападот врз Киев. Ова го објави Виталиј Кличко на Телеграм, пренесува Укринформ. „Дури 71 лице е повредено. Од кои дваесет и пет цивили, меѓу кои и три деца. “, напиша Кличко. Антон Херашченко, советник на министерот за внатрешни работи, на Телеграм појасни дека момче е убиено во руски воен напад врз Киев. Покрај тоа, според Херашченко, пет ранети, меѓу кои три деца, се хоспитализирани во детската болница во главниот град Охматдит.