Според проценките на Општина Тетово започнува да се намалува јавниот долг, кој го наследи од претходната локална самоуправа, кој тогаш изнасуваше над 24 милиони евра. За една третина од средствата веќе има извршни решенија, на кои дополнително се презметуваат и камати.
Над 7 милиони евра од вкупниот долг на Општина Тетово е веќе даден на извршители и за нивните решенија се пресметува затезна камата. Поради тоа сегашниот градоначалник, Биљал Касами, нема детални податоци за висината на долгот, кој го наследи од претходната локална власт, кој изнесуваше над 24 милиони евра, но според нивните проценки истиот е намален. За дел од налозите бараат одложено плаќање, а некои ги обжалиле.
Буџетот бил оштетен и со договори на дело, кои општината ги објави јавно, а лицата кои не донеле извештај за сработеното ќе ги вратат парите. Касами вели дека во сметководство договорите се евидентирани како трошок.
Касами на денешниот отчет за сработеното, истакна дека и покрај многуте потешкотии, огромниот долг и наследениот хаос, ги исполнил ветувањата кои ги дал во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
Данијела Билбилоска