Промо тв

ТАЈКУН (реприза) – од понеделник до четврток во 23.05

НАЈАВА ЗА ПОСЛЕДНАТА ДЕСЕТА ЕПИЗОДА: Финалето на играта за „Тајкун“: Во последната епизода разврска на сите предавства и заговори

НАЈАВА ЗА ДЕВЕТА ЕПИЗОДА: Вистината на дофат на „Тајкун“-от: Во деветата епизода Владан во обид да дознае кој е мистериозниот убиец на својата најверна соработничка

НАЈАВА ЗА ОСМА ЕПИЗОДА: По најкрвавата епизода следува потрага по соработникот на обвинителството против „Тајкун“: Во 8-ма епизода по крвавите траги на злосторствата тргнува нов обвинител

 

НАЈАВА ЗА СЕДМА ЕПИЗОДА: Пријателот од темнината на„Тајкун“: Во 7-тата епизода Владан се уште нема решение за загатката- кој е вистинскиот креатор на заговорот против него

НАЈАВА ЗА ШЕСТА ЕПИЗОДА: Кој ја крои замката за „Тајкун“: Во 6-тата епизода минатото полека влегува во реалноста на бизнисменот барајќи одмазда за стари гревови

НАЈАВА ЗА ПЕТТА ЕПИЗОДА: „Тајкун“-от во бегство: Што сакаже да му (по)каже убиениот Керкез, во 5-тата епизода најблиските му вртат грб на Владан

НАЈАВА ЗА ЧЕТВРТА ЕПИЗОДА: Тајкун“ ги бара тајните на своето старо друштво: Во 4-тата епизода Владан добива погрешен траг за идентитетот на „кодошот“, но откриена е и тајната на обвинителката која го гони

НАЈАВА ЗА ТРЕТА ЕПИЗОДА: „Тајкун“-от подлабоко во калта: Во третата епизода- главниот лик осомничен за убиството врз заштитениот сведок против него, зошто најблиските се свртеле против него

НАЈАВА ЗА ВТОРА ЕПИЗОДА: „Тајкун“ по неуспешниот атентат врз главниот лик: Во втората епизода- обвинителска истрага за финансиски криминал и лична истрага да се открие кртот и нарачателот на убиството

Навидум… трчате маратон, а всушност сте поминале 200 – те метри …

СЕРИЈА  за која е посветено големо внимание и на секој кадар..

БИДЕЈЌИ  И ТОЈ Е ЧОВЕК ОД КРВ И МЕСО….

АНТИХЕРОЈ, СО СИТЕ ВЕШТИНИ И МААНИ.

Тој е контроверзен бизнисмен и сопственик на голема фирма и влегува во процес на приватизација на голем стопански комбинат.

Токму кога сака да се исклучи од своето опкружување … доаѓаат старите сметки за наплата.

Ќе биде притиснат од свирепите мерки, да се сочува себе си, но и неговото семејство.

Владан има непријатели, јавни, но и тајни. Тој е принуден да се бори со најблиските, да крие, но и да открива тајни.

Не се работи за нов балкански олигарх, туку за новата серија на Телма во која Драган Бјелогрлиќ го доловува ликот на богат и моќен човек, околу кои се менувааат пријателите, но и оние кои така се претставуваат како такви.

За публиката серијата „ТАЈКУН“ собра врвен тим креативци од Србија и регионот. Автор на сценариото е Ѓорѓе Милосављевиќ, еден од најдобрите домашни сценаристи.

„Тајкунот“ Бјелогрлиќ- почна во Бошко Буха, беше и маршалот Тито и Царот, ги режираше „Монтевидео“ и „Сенки на Балканот“, му даде филмски живот на „Тома“ Здравковиќ

Заедно со Бјелогрлиќ, во актерската екипа се:

Бане Трифуновиќ, Марко Баќовиќ, Хана Селимовиќ, како и младите актерски надежи Вук Јовановиќ, Невен Бујиќ, Вања Ненадиќ и Милош Петровиќ Тројпец. Покрај Тихана Лазовиќ, гостуваат уште две регионални ѕвезди: Јанко Волариќ Поповиќ и Тони Михајловски. За публиката особено ќе биде интересно да ја види легендарната пејачка Бејби Дол во една од епизодните улоги.

Екслузивно на Телма…

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТАJНИ АГЕНТИ – сериски филм – од понеделник до четврток во 22:15

Дејан Дејан

КРВ – мини серија – од понеделник до петок во 20:30

Дејан Дејан

СИНА МЕСЕЧИНА – од понеделник до четврток – 23:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе