Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин како нивно трајно одредиште.
Станува збор за граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни невладини организации во Авганистан, и беа под закана на новиот талибански режим во земјата. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, информира Владата
Во земјава моментно престојуваат 442 граѓани од Авганистан, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.
Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, велат од Владата
Минатата недела пак, група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Северна Македонија заминаа во Француската Република.

Група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Северна Македонија, замина синоќа од Меѓународниот аеродром Скопје. Прибежиште им обезбеди Француската Република, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана… Продолжи со читање













