Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ до Савески: Зошто сè уште нема истрага за Алта банка и дали така се штитат Мицкоски и Славески

/

Економија

Сподели преку :

Уапсената директорката на Алта пеј во Србија Татјана Бундало, била директорка на две фирми поврзани со српската групацијата Алта во Македонија, обвини опозицискиот СДСМ. Според нив, тоа е уште еден доказ за спрегата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СНС, односно меѓу Христијан Мицкоски и Александар Вучиќ.

Според податоците од Бизнис мрежа, во март годинава е основана Алта гроуп Скопје во сопственост на Алта гроуп Белград, а во август била основана фирмата Алта реал естате. Директорка на двете компании е Татјана Бундало, која беше уапсена во Србија.

Јон Фрчкоски од СДСМ го прашува републичкиот јавен обвинител Ненад Савески зошто сè уште нема истрага за Алта банка и дали на овој начин се штитат премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот Трајко Славески.

„Кој ги донесе во Македонија и со кого се правени бизнис дилови? Па се знае, Организирана криминална група на ВМРО. Трајко Славески јавно кажа дека за влезот на Алта банка се консултирал со Христијан Мицкоски“, вели Јон Фрчкоски од СДСМ.

Српските медиуми пред два дена објавија дека биле уапсени Дубравко Мацура, брат на сопственикот на Алта банка Давор Мацура, и Татјана Бундало, директорка на Алта пеј, кои денеска добија по 30 дена притвор.

Се сомничат дека биле вклучени во изнесувањето пари од Алта банка Белград. Под истиот сомнеж претходно беа уапсени Давор Мацура и двајца негови соработници. Осомничени се дека од трезорот на банката изнеле 17 милиони евра во кеш без пишана трага, и оти дополнителни 370 милиони евра само фиктивно влегле во банката.

Народната банка на Македонија на 2 ноември го презеде управување со Алта банка АД Битола, откако на нејзиниот доминантен сопственик Алта банка АД Белград му беше одземена дозволата за работа од страна на Народната банка на Србија и беше погласен стечај.

Обвинителството пред десет дена соопшти дека се прават прелиминарни проверки на финансиски текови, но нема отворено предистрага.