Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Втор обид за пратенички прашања од опозицијата во Собранието

/

Македонија

Сподели преку :

Собранието ќе продолжи со опозициските пратенички прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по барањата за пауза од страна на опозициските пратеници.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, појасни дека прекинот произлегол од различните толкувања на Деловникот во однос на тоа дали паузите се пресметуваат во предвидените два часа за поставување пратенички прашања.

По консултациите, било договорено паузите во иднина да не се одземаат од времето предвидено за прашања.

На дневен ред на седницата се и повеќе законски решенија и предлог-одлуки, меѓу кои измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, измените на Законот за градење, како и измените на Законот за рибарство и аквакултура.

Пратениците ќе расправаат и за избор на членови на Советот за граѓански надзор и за именување член на Регулаторната комисија за енергетика.

Меѓу точките на дневниот ред се и Предлог-резолуцијата за миграциската политика на државата за периодот 2026–2030 година, финансискиот план на Регулаторната комисија за 2027 година, како и предлози за автентично толкување на одредби од законите за урбанистичко планирање и пожарникарство.

Jumbo 2