Ова се снимки кои ги направија вработените на јавното пртпријатие Јасен кое се грижи за резерватот. Се наоѓаат на терен кој е едвај пристапен и се распоредени по целиот срт за да не дозволат пожарот да се рашири. И покрај тоа што е активен веќе неколку денови, денеска повторно започнал да се шири по целата должина. Од утрово се интервенира и од воздух оти пожарникарски возила не можат да се качат до горе.
Ова се снимки од зоом ертх кој покажуваат како од небо изгледа пожарот. Веќе неколку денови надвиснува и над селото Раовиќ од каде се гледаат пламените јазици. Таму интервенира и војската.
Инаку подрачјето на Јасен спаѓа во посебни природни предели а претпријатието е формирано за заштита на повеќе природни реткости. Не е дозволено да се преземаат дејствија што би можеле да ја нарушат природната рамнотежа во екосистемите, и да ги изменат и автентичните карактеристики. Полн е со диви животни, богата флора и фауна.
Билјана Николовска
