Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АЛТA БАНКА: На граѓаните им висат платите, партиите потонати во секојдневни препукувања и обвинувања

/

Економија

Сподели преку :

Една банка ,илјадници прашања и цела политичка машинерија ставена во погон. Додека граѓаните на делови ги добиваат своите пари или пак воопшто не можат да ги добијат барем за сега, политичарите со меѓусебни препукувања. Купишта дневни соопштенија и прес – конференции за тоа кои е виновен за Алта банка и кој треба да одговара.

Па, така и денеска до медиумите и од власта и од опозицијата стигна нов пакет преписки, но се одржа и по нека прес – конференција.
Од опозициската СДСМ со обвинувања дека за хаосот во кој се доведени граѓаните се виновни премиерот Мицкоски и гувернерот Славевски. И натаму бараат одговорност и истрага.

Како стратешка гранка, вели Славески, требало да бидат задоволени условите на ‘политичка сензитивност’. Ова е директна потврда на она што СДСМ го говори веќе 11 месеци – Мицкоски и Славески ја донесоа пералната на пари на Вучиќ со сомнителен капитал во Македонија“, изјави Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ

Околу еден час по обвинувањата од говорницата во СДСМ, прес закажаа и од владејачката ВМРО – ДПМНЕ. Бараат СДСМ да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во земјава.

Зошто Филипче и СДС се толку гласни за Алта банка, чека ли спремен бизнисмен близок до Заев за багателна цена да ја откупи банката. Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да ги повика на разговор сите оние кои што пробуваат да го урнисаат уставниот поредок на државата, изјави Бране Петрушевски од ВМРО- ДПМНЕ.

И додека се нижат партиски соопштенија исполнети со обвинувања за Алта и партиите се длабоко навлезени во меѓусебна битка, кај дел од граѓаните виси платата за октомври, но и исплатата на пензиското и здравственото осигурување. Пензионерите во ограничен износ можат да ја повлечат пензијата, а фирмите се со ограничувања во работата, но и во неизвесност. Оние кои имаат пари во банката не можат да ги повлекуваат, ниту пак да плаќаат на сметки во други банки.

Во моментов управувањето на Алта банка е под НБРМ. Се чека одговор и од Србија дали тие ќе ги понудат акциите за продажба или тоа ќе го направи Централната банка во земјава. Гувернерот вчера кажа дека имало шест заинтересирани кои ја сакаат Алта, а со две банки веќе имал состанок.

Проблемите со Алта настанаа откако во Србија минатиот викенд, Централната банка и ја одзема дозволата за работа на Алта Белград, поради загрозување на ликвидноста.