Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ревизорите утврдија низ неправилности во работењето на Министерството за јавна администрација

/

Македонија

Сподели преку :

Ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на Министерството за дигитална трансформација за 2024 година утврди неправилности во евиденцијата и управувањето со имотот, непријавени обврски во периодот кога настанале и пропусти во јавните набавки.

Според ревизорскиот извештај, пописот на средствата не бил спроведен согласно законските правила, а евиденцијата на основните средства не одговарала на фактичката состојба.

Не бил спроведен ниту делбен биланс со Министерството за јавна администрација.

За дел од недвижностите не била проценета вредноста, а за други не било запишано правото на сопственост во катастарот.

Дополнително, имотот на Министерството не бил осигуран, а обврските кон добавувачите не биле евидентирани навреме.

Ревизијата утврдила и дека одделението за внатрешна ревизија не било кадровски екипирано и во 2024 година не биле извршени ревизии.

Во дел од досиејата за јавни набавки недостигале докази за обезбедени гаранции, а биле набавувани стоки и услуги без спроведена јавна набавка.

Jumbo 2